Наум 3:2-8 MKB

2 Слушајте! Плускање на бич; слушајте! Тропање на колца; коњите се издигаат, колите потскокнуваат,

3 коњаниците јаваат, мечевите блескаат, копјата светкаат, многу ранети, мнозинство мртви, трупови до недоглед, се сопнуваат на трупови!

4 Тоа сето е заради многуте разврати на блудницата, на милата љубовница, господарката на магии, која со својот разврат ги продава народите и племињата со своите вражања.

5 „Еве Ме! Против тебе,” говори Господ над Војските. „Ќе ги подигнам, преку твоето лице, скутовите на твојата облека, ќе им ја покажам твојата голота на народите, твојот срам на царствата.

6 Ќе фрлам смет врз тебе, ќе те засрамам, ќе те ставам за приказ.

7 Секој кој ќе те види, ќе бега од тебе, и ќе рече: ‘Нинивија, каква урнатина! Кој може да ја пожали?’ Каде да барам тешители за тебе?”

8 Зар не си подобра од Амоновата Теба, која лежеше меѓу водите на Нил, со води опкружена, морето беше нејзин пред ѕид водите беа нејзин ѕид?