Наум 3:5-11 MKB

5 „Еве Ме! Против тебе,” говори Господ над Војските. „Ќе ги подигнам, преку твоето лице, скутовите на твојата облека, ќе им ја покажам твојата голота на народите, твојот срам на царствата.

6 Ќе фрлам смет врз тебе, ќе те засрамам, ќе те ставам за приказ.

7 Секој кој ќе те види, ќе бега од тебе, и ќе рече: ‘Нинивија, каква урнатина! Кој може да ја пожали?’ Каде да барам тешители за тебе?”

8 Зар не си подобра од Амоновата Теба, која лежеше меѓу водите на Нил, со води опкружена, морето беше нејзин пред ѕид водите беа нејзин ѕид?

9 Нејзина сила беше Етиопија, и Египет; немаше граници. Фут и Ливија и беа помошници.

10 Но сепак заробена, таа отиде во ропство; и нејзините младенци беа здробени по сите раскрсници; за нејзините угледни луѓе фрлаа жрепка, сите нејзини големци оковани се во вериги.

11 Така и ти ќе се опијаниш, ќе се сокриеш, и ќе бараш засолниште од непријателите.