Рут 2:1-7 MKB

1 Ноемина имаше роднина по мажот, човек многу имотен, од Елимелеховото семејство: се викаше Воз.

2 Тогаш Моавката Рута и рече на Ноемина: „Сакам да одам во полето за да доприбирам класови по оној, кај кого ќе најдам милост.” Таа и одговори: „Појди ќерко моја!”

3 И отиде, дојде во полето па почна да доприбира зад жетварите. А среќата ја доведе во полето, што му припаѓаше на Воз, од Елимелеховиот род.

4 И ете, дојде Воз од Витлеем. „Господ да е со вас!” - ги поздрави тој жетварите. А тие му одговорија: „Господ да те благослови!”

5 Воз му рече тогаш на момокот што ги надгледуваше жетварите: „Чија е онаа млада жена?”

6 А момокот, кој беше над жетварите, одговори: „Тоа е младата Моавка што дојде придружувајќи ја Ноемина од Моавските Полиња.

7 Прашаше: ‘Дали смеам да доприбирам и да собирам класје меѓу сноповите зад жетварите.’ И ете дојде, и остана од утрото сè досега; и само малку влезе во куќата.”