Рут 2:14-20 MKB

14 Кога беше време за ручек, Воз и рече: „Дојди ваму, јади од овој леб и топи го твојот залак во оцет!” Таа седна покрај жетварите, а тој стави пред неа пржени зрна. Јадеше и се насити, и уште и остана.

15 Кога стана да доприбира натаму Воз им заповеда на своите слуги: „Таа нека доприбира и меѓу сноповите, а вие немојте да ја навредувате.

16 Туку испуштајте класови и од своите ракатки, и оставајте ја нека собира и не и бранете!”

17 И така дособираше сè до вечерта, па тогаш го очукаа она што го имаше доприбрано: беше околу една ефа јачмен.

18 Таа го зеде своето и дојде во градот, а свекрвата виде колку дособрала. Тогаш Рута извади и и даде што и остана откако се насити.

19 Свекрвата ја праша: „Каде доприбираше денес? Каде работеше? Нека биде благословен оној кој погледна на тебе!” Тогаш таа и раскажа на свекрвата кај кого работела и рече: „Човекот кај кого работев денес се вика Воз.”

20 Тогаш Ноемина и рече на својата снаа: „Нека Господ го благослови оној кој не ги лиши од својата милост ни живите ни мртвите!” И Ноемина додаде: „Тој човек е од нашиот род; еден од нашите роднини.”