2 Гледаш, Воз, со чии трудбеници беше, е наш роднина. Еве, тој ќе вее ноќеска јачмен на гумното.
3 Измиј се и намачкај се, облечи се убаво па отиди на гумното. Не оставај да те препознае пред да се најаде и напие.
4 Кога ќе легне, види го местото каде ќе легне; па кога ќе легне, отиди таму, поткрени ја покривката од неговите нозе и легни таму! Тогаш тој ќе ти рече што треба да правиш.”
5 Таа и одговори: „Ќе направам сè како што ми велиш.”
6 И слезе на гумното и направи сè како што и повели свекрвата.
7 А Воз, откако јадеше и пиеше, и така се развесели, отиде и легна покрај стогот. Таа пристапи полека, му ги откри нозете и легна.
8 И околу полноќ, човекот се тргна и се заврте, и ете: жена лежи до неговите нозе.