4 Кога ќе легне, види го местото каде ќе легне; па кога ќе легне, отиди таму, поткрени ја покривката од неговите нозе и легни таму! Тогаш тој ќе ти рече што треба да правиш.”
5 Таа и одговори: „Ќе направам сè како што ми велиш.”
6 И слезе на гумното и направи сè како што и повели свекрвата.
7 А Воз, откако јадеше и пиеше, и така се развесели, отиде и легна покрај стогот. Таа пристапи полека, му ги откри нозете и легна.
8 И околу полноќ, човекот се тргна и се заврте, и ете: жена лежи до неговите нозе.
9 ”Која си?” - праша тој, а таа одговри: „Јас сум Рута, твојата слугинка. Рашири го скутот на твојата облека над твојата слугинка, зашто си ми старател.”
10 ”Господ да те благослови, ќерко моја! - рече - ова твое добро дело што го направи сега е уште подобро од првото, зашто не отиде да бараш млади луѓе, ни богати ни бедни.