Рут 3:7-13 MKB

7 А Воз, откако јадеше и пиеше, и така се развесели, отиде и легна покрај стогот. Таа пристапи полека, му ги откри нозете и легна.

8 И околу полноќ, човекот се тргна и се заврте, и ете: жена лежи до неговите нозе.

9 ”Која си?” - праша тој, а таа одговри: „Јас сум Рута, твојата слугинка. Рашири го скутот на твојата облека над твојата слугинка, зашто си ми старател.”

10 ”Господ да те благослови, ќерко моја! - рече - ова твое добро дело што го направи сега е уште подобро од првото, зашто не отиде да бараш млади луѓе, ни богати ни бедни.

11 И затоа, ќерко моја, не плаши се сега; ќе сторам сè за тебе што ќе побараш, зашто сите врати на мојот народ знаат дека си чесна жена.

12 Да, навистина сум ти старател; но има уште поближен од мене.

13 Остани ноќеска, ако утре тој, како старател, сака да те земе, добро, нека те земе; а ако нејќе, ќе те земам јас; жив Господ! Спиј до утрото!”