11 Сиот народ што се наоѓаше при градската врата и старешините, рекоа: „Сведоци сме! Господ да даде жената, која влегува во твојот дом, да биде како Рахила и Лија, кои двете го издигнаа Израелевиот дом! Збогати се во Ефрат, а прослави се во Витлеем!
12 Твојат дом нека биде, по потомството што ќе ти го даде Господ од оваа млада жена, како домот на Фарес, кого Тамара му го роди на Јуда!”
13 Така Воз ја зеде Рута, и таа му стана негова жена. Влезе при неа, и Господ и даде да заноси и роди син.
14 Тогаш жените и рекоа на Ноемина: „Благословен да биде Господ, Кој денес не те остави без наследник! И да го прослави неговото име во Израел!
15 Тој ќе биде твоја утеха и поткрепа во твојата старост; зашто го роди твојата снаа која те љуби и која ти вреди повеќе од седум синови.”
16 Ноемина го зеде детенцето, го стави на своето крило и му беше воспитачка.
17 Соседите му дадоа име, говорејќи: „& се роди син на Ноемина!” И го нарекоа Овид; тој е татко на Есеј, Давидовиот татко.