Рут 4:2-8 MKB

2 Тогаш Воз зеде десет луѓе од градските старешини и рече: „Поседнете тука!”

3 Потоа му рече на старателот: „Ноемина, која се врати од Моавските Полиња, сака да ја продаде онаа земја на нашиот брат Елимелех.

4 Затоа одлучив да разговарам со тебе и да ти предложам да ја откупиш нивата пред овие кои седат тука и пред старешините на мојот народ. Ако имаш намера да ја откупиш, тогаш откупи ја; ако немаш намера, кажи ми, да знам. Зашто, пред тебе никој нема право на откуп; јас сум по тебе.” А оној рече: „Сакам, ќе ја откупам.”

5 Тогаш Воз кажа: „Кога ќе ја купиш земјата од рацете на Ноемина, треба да ја земеш и Моавката Рута, покојниковата сопруга, за да му го запазиш покојниковото име во наследството.”

6 Но роднината рече: „Е, тогаш не можам да бидам откупник, за да не го растурам своето наследство. Откупи ја ти, зашто јас не можам.”

7 А од старина беше обичај во Израел: за да се поткрепи полноважноста на откуп или на замена, човекот би собул една обувка и би му ја дал на другиот. Тоа беше сведоштво во Израел.

8 И така и оној старател му рече на Воз: „Откупи ти!” па ја собу обувката и му ја даде.