8 И така и оној старател му рече на Воз: „Откупи ти!” па ја собу обувката и му ја даде.
9 Тогаш Воз им рече на старешините и на сиот народ: „Вие сте сведоци денес дека откупувам од раката на Ноемина сè она што беше Елимелехово, сè што беше Хелеоново и Малоново.
10 Покрај тоа ја земам за жена Моавката Рута, Малоновата жена, за да биде запазено покојниковото име во наследството и за да не биде збришано неговото име меѓу неговите браќа и за да не исчезне од вратите на неговиот роден крај. Вие сте денес сведоци за тоа.”
11 Сиот народ што се наоѓаше при градската врата и старешините, рекоа: „Сведоци сме! Господ да даде жената, која влегува во твојот дом, да биде како Рахила и Лија, кои двете го издигнаа Израелевиот дом! Збогати се во Ефрат, а прослави се во Витлеем!
12 Твојат дом нека биде, по потомството што ќе ти го даде Господ од оваа млада жена, како домот на Фарес, кого Тамара му го роди на Јуда!”
13 Така Воз ја зеде Рута, и таа му стана негова жена. Влезе при неа, и Господ и даде да заноси и роди син.
14 Тогаш жените и рекоа на Ноемина: „Благословен да биде Господ, Кој денес не те остави без наследник! И да го прослави неговото име во Израел!