Софонија 3:1-7 MKB

1 Тешко му на непокорниот, на нечистиот град и на насилничкиот град!

2 Тој никогаш не чу повик, никогаш не прифати поправка; тој никогаш не Му се довери на Господа; никогаш не Му се приближи на Својот Бог.

3 Неговите кнезови се сред него - лавови кои рикаат; неговите судии - се вечерни волци, кои не оставаат ниедна коска до утрото,

4 неговите пророци се лекомислени, вистински лажливци, неговите свештеници го обесветуваат Светилиштето, го кршат Законот.

5 Сред него, Господ е праведен - Тој не прави неправда; секое утро го изнесува Својот суд на виделина, но беззаконикот не познава срам.

6 „Ги уништив народите, разурнати им се тврдините, ги запустив нивните улици: нема веќе минувачи! Разурнати се нивните градови: нема луѓе, нема жители!

7 Говорев: ‘Бој се само од Мене прими ја поправката’ и не ќе биде истребено неговото живеалиште и нема да го најде злото, што Јас го подготвив за него. Но тие брзо ги расипаа сите свои дела.