Софонија 3:11-17 MKB

11 Во оној ден не ќе се срамиш од сите свои постапки, со кои грешеше против Мене, зашто ќе ги отстранам од сред тебе твоите горди фалба?ии; и веќе не ќе се возвишуваш на Мојата Света Гора,

12 зашто ќе оставам во твојата средина скромен и сиромашен народ, и во Господовото име ќе бараш закрила.

13 Остатокот Израелев веќе нема да прави неправда, не ќе зборуваат веќе лаги; во нивните усти не ќе се најде веќе измамлив јазик. Ќе можат да пасат и да се одмараат и никој не ќе им пречи.”

14 Воскликнувај од радост, Сионска Ќерко, викај од веселба, Израеле! Весели се и радувај се од сè срце, Ерусалимска Ќерко!

15 Господ те ослободи од твојата пресуда, ги отстрани Твоите непријатели! Господ, Израелевиот Цар, е во твојата средина! Не бој се веќе од зло!

16 Во оној ден ќе му се рече на Ерусалим: „Не бој се, Сионе! Нека не ти се истоштат рацете.

17 Господ, твојот Бог, е во твоја средина, силен Спасител! Тој ќе ти се радува тебе, полн со веселба, ќе ти биде милостив во Својата љубов, ќе воскликнува радосно над тебе.”