Софонија 3:12-18 MKB

12 зашто ќе оставам во твојата средина скромен и сиромашен народ, и во Господовото име ќе бараш закрила.

13 Остатокот Израелев веќе нема да прави неправда, не ќе зборуваат веќе лаги; во нивните усти не ќе се најде веќе измамлив јазик. Ќе можат да пасат и да се одмараат и никој не ќе им пречи.”

14 Воскликнувај од радост, Сионска Ќерко, викај од веселба, Израеле! Весели се и радувај се од сè срце, Ерусалимска Ќерко!

15 Господ те ослободи од твојата пресуда, ги отстрани Твоите непријатели! Господ, Израелевиот Цар, е во твојата средина! Не бој се веќе од зло!

16 Во оној ден ќе му се рече на Ерусалим: „Не бој се, Сионе! Нека не ти се истоштат рацете.

17 Господ, твојот Бог, е во твоја средина, силен Спасител! Тој ќе ти се радува тебе, полн со веселба, ќе ти биде милостив во Својата љубов, ќе воскликнува радосно над тебе.”

18 „Ќе ги соберам напатените заради празниците, за да не носат веќе срам на себе.