3 Ви го кажуваме она што го видовме и чувме, за да ни се придружите и вие во општењето што го имаме со Таткото и со Неговиот Син, Исус Христос.
4 Ви го пишуваме ова, за да биде целосна нашата радост.
5 Ова е пораката што ја слушнавме од Исус и ви ја пренесуваме: Бог е светлина. Во Него нема ни трошка темнина.
6 Ако кажеме дека општиме со Бог, а живееме во темнина, лажеме и не се придржуваме до вистината.
7 Но ако живееме во светлина, како што и Бог е во светлина, тогаш навистина ќе општиме еден со друг, а крвта на Божјиот Син, Исус Христос, ќе не исчистува од секој грев.
8 Ако тврдиме дека не грешиме, самите се лажеме и одбиваме да ја прифатиме вистината.
9 Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не исчисти од сета неправедност.