1 Јован 2:3-9 MNT

3 По што ќе се знае дека сме Божји луѓе? По тоа што ќе се придржуваме до Неговите заповеди!

4 Оној што тврди дека е Божји човек, а не се придржува до Неговите заповеди, тој лаже и само покажува дека вистината не е во него.

5 Само тој што се придржува до Неговото Слово има совршена љубов спрема Бог, и по тоа ќе се знае дека сме Божји луѓе.

6 Оној што тврди дека е Божји човек, треба да го следи примерот на Исус.

7 Драги мои, јас не ви пишувам за да ви дадам некаква нова заповед. Ова е стара заповед што ви беше дадена уште од самиот почеток. Таа стара заповед - да имаме љубов еден спрема друг - е истата порака што ја чувте отпорано.

8 Сепак, таа заповед на некој начин е и нова, зашто нејзината вистинска смисла може да се согледа дури сега во Исус и во вас. Погледнете, темнината исчезнува, а вистинската светлина веќе свети!

9 Оној што тврди дека е на страната на светлината, а ги мрази другите христијани, тој се уште е на страната на темнината.