1 Јован 2:5-11 MNT

5 Само тој што се придржува до Неговото Слово има совршена љубов спрема Бог, и по тоа ќе се знае дека сме Божји луѓе.

6 Оној што тврди дека е Божји човек, треба да го следи примерот на Исус.

7 Драги мои, јас не ви пишувам за да ви дадам некаква нова заповед. Ова е стара заповед што ви беше дадена уште од самиот почеток. Таа стара заповед - да имаме љубов еден спрема друг - е истата порака што ја чувте отпорано.

8 Сепак, таа заповед на некој начин е и нова, зашто нејзината вистинска смисла може да се согледа дури сега во Исус и во вас. Погледнете, темнината исчезнува, а вистинската светлина веќе свети!

9 Оној што тврди дека е на страната на светлината, а ги мрази другите христијани, тој се уште е на страната на темнината.

10 Оној што ги сака другите христијани, навистина живее во светлината и кај него нема ништо што би можело некого да наведе на грев.

11 Оној што ги мрази другите христијани е на страната на темнината, низ црна темнина оди и не знае каде ќе стигне, зашто темнината му ги заслепува очите.