1 Јован 3:15-21 MNT

15 Секој што мрази некој од христијаните е убиец, а вие знаете дека ниту еден убиец во себе нема вечен живот.

16 Кога Исус го даде сопствениот живот за нас, ние сфативме што значи да се има љубов. Така треба и ние да ги даваме нашите животи за други христијани.

17 Како може некој да тврди дека ја има Божјата љубов, ако има световни богатства и гледа дека некој од христијаните е во материјална невола, а тој не сака да му помогне?

18 Чеда Божји, треба вистински да се сакаме, не само на зборови, туку на дело, со нашите постапки во секојдневниот живот.

19 Така ќе знаеме дека сме на страната на вистината, и ќе ја имаме неопходната увереност кога ќе застанеме пред Бог.

20 Па и кога нашата совест не обвинува, да не забораваме дека Бог е над нашата совест и дека Тој знае се.

21 Драги мои, кога имаме чиста совест можеме да пристапиме пред Бог со увереност.