1 Јован 3:8-14 MNT

8 А оној што продолжува да греши е на страната на Ѓаволот, зашто Ѓаволот греши уште од самиот почеток. Токму затоа и дојде Божјиот Син: да го уништи она што го прави Ѓаволот.

9 Тој што е препородено Божјо чедо нема да продолжи да греши, бидејќи Божјото семе е во него. Тој е препородено Божјо чедо и не може да продолжи да греши.

10 Постои јасна разлика меѓу Божјите чеда и децата на Ѓаволот: секој што не постапува праведно, и што не ги сака другите христијани, не е Божјо чедо.

11 Пораката што ја чувме од почетокот гласи: да се сакаме еден со друг.

12 Да не бидеме како Каин, кој застана на страната на Злиот и го уби сопствениот брат. Зошто го уби? Бидејќи она што го правеше Каин беше погрешно, а она што го правеше неговиот брат беше правилно.

13 Според тоа, не чудете се, драги христијани, ако луѓето од овој свет ве мразат!

14 Ако ние, христијаните, се сакаме еден со друг, тоа докажува дека сме преминале од смрт во вечен живот. Оној што не ги сака другите христијани, се уште е во стегите на смртта.