3 зашто знаете дека колку повеќе вашата вера се проверува, толку поистрајни станувате.
4 Морате да научите се да издржите, за да станете зрели, целосни и ништо да не ви недостасува.
5 Ако на некој од вас му недостасува мудрост, нека бара од Бог и Тој ќе му даде. Бог е дарежлив спрема сите и не се лути кога бараме нешто од Него.
6 Но, кога барате, треба да барате со вера, без да се сомневате. Оној што се сомнева е како морски бран што ветрот го носи и го разбива.
7 Таквиот човек нека не очекува дека ќе добие нешто од Господ,
8 бидејќи е нерешителен и непостојан во се.
9 Христијаните што се сиромашни треба да се гордеат со својот возвишен позив,