Јаков 2:1-7 MNT

1 Пријатели мои, ако имате вера во нашиот славен Господ Исус Христос, нема да се однесувате спрема едни луѓе подобро, а спрема други полошо.

2 Да претпоставиме дека на вашата богослужба доаѓа човек со златни прстење на раката, облечен во убава облека, а влегува и сиромашен човек во одрпана облека.

3 Ако вие, гледајќи според облеката, му речете на човекот во убава облека: „Седни овде, на убаво место.“ - а на сиромашниот му речете: „Ти стој овде!“, или „Седни на подот!“,

4 зарем со тоа не ги двоите луѓето, раководејќи се според неправедни мотиви!?

5 Послушајте ме, драги пријатели! Зарем Бог не ги одбра сиромашните од овој свет да бидат богати во верата и наследници на Царството што им го вети на оние што Го сакаат?

6 А вие ги презирате сиромашните! Кој ве измачува, кој ве влечка по судови? Токму богатите!

7 Зарем не се богатите тие што го навредуваат Божјото возвишено име што вие го носите?