Јаков 2:15-21 MNT

15 Да претпоставиме дека некој ваш брат или сестра нема доволно облека или храна.

16 Дали е доволно да му кажете: „Оди си спокојно, Господ нека ти даде облека и храна!“, наместо да му го дадете она што му е неопходно за да преживее!?

17 Така е и со верата. Ако не е поткрепена со соодветни постапки, таквата вера е мртва вера.

18 Можеби некој ќе рече: „Некои луѓе имаат вера, а некои - дела.“ Покажете ми, како може да имате вера, а од тоа да не произлегуваат соодветни постапки, а јас, преку моите постапки ќе ви покажам дека имам вера.

19 Вие верувате дека има само еден Бог. Тоа е добро, но дури и демоните веруваат во тоа и се тресат од страв!

20 Зар не сакаш да сфатиш, површен човеку, дека од вера без дела нема никаква корист!?

21 Врз основа на што Бог го прогласи за праведен, нашиот прататко Авраам? Зарем тоа не беше преку дела, кога го стави својот син Исак врз жртвеникот?