22 Гледате ли дека неговата вера беше сообразена со неговите постапки? Со таа своја постапка тој потврди дека има совршена вера.
23 Токму на тоа се мисли кога Светото Писмо вели: „Авраам Му веруваше на Бог и заради неговата вера Бог го прогласи за праведник“, па го нарече и Свој пријател.
24 Значи, очигледно е дека човек станува праведен пред Бог преку своите постапки, а не само преку вера.
25 Така беше и со блудницата Рахаба. Бог ја прифати како праведна, зашто таа ги прифати израелските разузнавачи и ги упати на безбеден излез.
26 Како што телото без дух е мртво, така и верата без соодветни дела е мртва.