Јаков 4:5-11 MNT

5 Зарем мислите дека Писмото попусто кажува дека духот што Бог го поставил да живее во нас до ревност копнее за нашата верност спрема Него?

6 Всушност, Бог е многу поблагонаклонет спрема нас, како што и кажува Светото Писмо: “Бог им се противставува на гордите, но спрема скромните е благонаклонет.“

7 Затоа, дозволете Бог да ве води. Противставете му се на Ѓаволот, па тој ќе побегне од вас!

8 Приближете се кон Бог и Тој ќе се приближи кон вас! Грешните луѓе нека си ги измијат рацете, лицемерните нека си ги пречистат срцата.

9 Нека жалат, нека тагуваат и нека плачат. Наместо да се смеат, нека тагуваат, наместо да се радуваат, нека жалат.

10 Бидете понизни пред Господ и Тој ќе ве воздигне!

11 Пријатели мои, не зборувајте лошо еден против друг! Кој зборува против својот пријател христијанин или го осудува, тој го напаѓа и осудува Божјиот Закон. А ваша задача е да го исполнувате Божјиот Закон, а не да го оценувате!