1 Слушнете ме сега вие што сте богати! Плачете и лелекајте заради многубројните неволи што ве очекуваат!
2 Гнило е вашето богатство, вашите облеки молци ги изедоа.
3 Вашето сребро и злато ’рѓосаа. Таа ’рѓа ќе биде сведоштво против вас. Ќе ги изеде вашите тела како оган. Напластивте богатство во овие последни денови.
4 Не им плативте на оние што ги косеа вашите ливади и тие неисплатени пари сега викаат против вас, а лелекот на оние што ги жнееја вашите ниви дојде до ушите на Семоќниот Господ.
5 Живеевте раскошно и разуздано на Земјата, си ги угоивте телата како добиток готов за клање.