17 Илија беше човек од крв и месо, како што сме и ние. Кога тој се помоли да не врне дожд - три и пол години дожд не заврна на земјата.
18 Потоа пак се помоли и заврна дожд, па земјата си ги даде своите плодови.
19 Пријатели мои, христијани, ако некој од вас застрани од вистината, треба да се потрудите да го вратите назад.
20 Оној што ќе врати грешник од погрешен пат, ќе ја спаси неговата душа од смрт и ќе покрие многу гревови.