Јаков 5:5-11 MNT

5 Живеевте раскошно и разуздано на Земјата, си ги угоивте телата како добиток готов за клање.

6 Осудивте и убивте праведни луѓе, кои не можеа да ви се противстават.

7 Имајте трпение, драги пријатели, додека чекате да се врати Господ. Погледнете како земјоделецот трпеливо чека скапоцениот плод на земјата да узрее за жетва, како трпеливо го чека пролетниот и есенскиот дожд.

8 Бидете и вие трпеливи како него и охрабрете ги вашите срца: Господ брзо ќе дојде!

9 Немојте да негодувате еден против друг, во спротивно Бог ќе ви суди! Еве Го Судијата, веќе стои пред врата!

10 Драги мои, следете го примерот на пророците што зборуваа во името на Господ. Тие имаа трпение, дури и кога мораа да страдаат.

11 Оние што најмногу издржаа, најмногу и ги почитуваме. Сте слушнале какво трпение покажа Јов и знаете како Господ на крајот го благослови. Господ е полн со милост и сочувство.