Maтеј 10:18-24 MNT

18 Поради вашата вера во Мене, ќе бидете приведувани на сослушување пред управители и владетели; тоа ќе биде сведоштво за нив и за светот.

19 А кога ќе ве приведат на сослушување, не грижете се како и што ќе зборувате во своја одбрана; ќе ви бидат дадени вистинските зборови во вистинскиот час.

20 Зашто, преку вас ќе зборува Духот на вашиот небесен Татко, а не самите вие.

21 Понекогаш и брат брата ќе предава на смрт, и татко своето чедо; деца ќе се креваат против родители и ќе ги предаваат на смрт.

22 Поради вашата вера во Моето име сите ќе ве замразат. Но, спасението е за оние што ќе издржат докрај!

23 А штом почнат да ве прогонуваат од еден град, вие одете во друг. Ве уверувам дека нема да втасате да ја завршите работата по сите градови во Израел, додека да се вратам Јас, Синот Човечки.

24 Ученикот не е поголем од учителот, слугата не е поголем од господарот.