3 Филип и Бартоломеј; Тома и собирачот на данок Матеј; Јаков синот на Алфеј; Тадија,
4 хананеецот Симон, и Јуда Искариот, кој подоцна Го предаде Исуса.
5 Исус ги испрати овие дванаесетмина и им ги даде следниве упатства: „Не одете кај нееврејските народи и не влегувајте во градови на Самарија,
6 туку, одете меѓу Израелците Божјите загубени овци.
7 Одете и проповедајте им дека: ,небесното царство се приближува!‘
8 Исцелувајте болни, враќајте во живот умрени, исчистувајте лепрозни, изгонувајте демони. Правете го тоа бесплатно, како што и вам таа моќ ви беше дадена бесплатно.
9 И не носете златни, сребрени или бакарни пари со себе;