31 Затоа, не плашете се; вие сте многу поскапоцени од јата врапчиња!“
32 „Секој што ќе Ме признае Мене јавно пред луѓето, ќе го признаам и Јас јавно, пред Мојот небесен Татко.
33 А секој што ќе се откаже од Мене пред луѓето, ќе се откажам и Јас од него, пред Мојот небесен Татко.“
34 „Немојте да мислите дека дојдов да воспоставам мир на Земјата! Не дојдов да донесам мир, туку меч!
35 Зашто, Јас дојдов да противставам син против татко, ќерка против мајка и снаа против свекрва;
36 на човекот ќе му произлезат непријатели од сопственото семејство!“
37 „Кој има поголема љубов спрема татка си или мајка си одошто спрема Мене, не е достоен да ми биде ученик;