Maтеј 11:23-29 MNT

23 А ти, граде Кафарнауме што сакаш до небото да се издигнеш! Ете, до адот ќе се струполиш! Да беа во Содом извршени чудата што ги виде ти, тој град до денес ќе постоеше.

24 Но, ти велам, на Судниот ден ќе му биде полесно на градот Содом, отколку тебе!“

25 Во тој момент Исус рече: „Те славам, Татко, Господару на небото и на Земјата, што им го откриваш на скромните она што си го скрил од оние кои се сметаат себе за мудри и учени.

26 Да, Татко, зашто така сакаше Ти.“

27 „Мојот Татко Ме има овластено Мене за си. Никој друг не Го познава Синот, освен Таткото, и никој друг не Го познава Таткото, освен Синот и оние на кои Синот сака да им Го објави.“

28 „Дојдете кај Мене сите вие кои сте изморени и натоварени со тешки бремиња, Јас ќе ве одморам!

29 Земете го Мојот јарем на себе и дозволете Ми да ве научам, бидејќи Јас сум со нежен и кроток дух, и тогаш вашите души ќе се успокојат.