9 Тогаш, што излеговте да видите: пророк? Да, ви кажувам Јован е и повеќе од пророк!
10 Јован е тој за којшто Бог во Светото Писмо вели: ,Еве, испраќам Свој гласник, кој ќе го подготви патот пред Тебе.‘
11 Ве уверувам дека, меѓу родените од жена нема поголем од Јован Крстител; и покрај тоа, и најмалиот во небесното царство е поголем од него.
12 Откако Јован Крстител започна да проповеда и да крштава, па си досега, има навала во небесното царство и во него со навала се влегува!
13 Зашто, си до Јован, сите пророци, како и Книгите на Законот, него го претскажуваа.
14 И ако сакате да знаете, Јован е оној „Илија“ што требаше да дојде.
15 Кој има уши, нека слуша!“