46 Исус си уште му говореше на народот, кога пристигнаа мајка Му и Неговите браќа. Тие чекаа надвор и сакаа да разговараат со Него.
47 Тогаш некој Му рече на Исус: „Ене ги надвор мајка ти и Твоите браќа и сакаат да разговараат со Тебе.“
48 А Исус му одговори на оној што му го кажа тоа: „Која ми е мајка и кои ми се браќа?“
49 Па, покажувајќи со раката кон Своите ученици, рече:
50 „Овие ми се и мајка и браќа! Секој што ја извршува волјата на Мојот небесен Татко ми е и брат и сестра и мајка.“