3 И му говореше за многу нешта, користејќи се со споредби.
4 „Еден сејач излезе да сее на својата нива. Сеејќи така, дел од семето падна на тврда почва, покрај патот; долетаа птици и го исколваа.
5 Друг дел од семето падна на каменеста почва, каде што имаше малку земја, и тоа брзо никна бидејќи земјата беше плитка.
6 Но штом запече сонцето, стебленцето свена и се исуши, бидејќи немаше доволно длабоки корени за да го одржат во живот.
7 Трет дел од семето падна меѓу трње. Кога пораснаа трњето го задушија стебленцето.
8 Конечно, дел од семето падна на плодна почва и донесе плод: едно стебло роди сто, друго шеесет, а трето триесет зрна.
9 Ако имате уши, слушајте внимателно!“ заклучи Исус.