47 „Понатаму, небесното царство може да се спореди со голема рибарска мрежа што се фрла в море, при што зафаќа секаков вид риби.
48 Кога мрежата ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот, седнуваат, и добрите риби ги издвојуваат во кошеви, а лошите ги фрлаат.
49 Така ќе биде и на крајот на светот: ќе излезат ангелите, ќе ги издвојат грешниците од праведниците,
50 и ќе ги фрлат во огнена печка, каде што ќе има пискоти и крцкање со заби.“
51 „Го разбравте ли сето ова?“ ги запраша Исус. „Да!“ Му одговорија тие.
52 А Тој им рече: „Тогаш, секој вероучител којшто станал ученик на небесното царство може да се спореди со домаќин кој од своите ризници ќе може да извади и ново и старо.“
53 Штом Исус заврши со изложувањето на споредбите, си замина оттаму,