1 Во тоа време, вестите за Исус допреа и до Ирод царот на покраината Галилеја,
2 кој им велеше на своите службеници: „Тоа мора да е Јован Крстител кој воскреснал од мртвите и затоа има моќ да прави вакви чуда!“
3 Бидејќи Ирод го беше уапсил Јована, и во пранги го беше фрлил в затвор, за да ђ удоволи на Иродијада жената на Филип, кој му беше брат на Ирод.
4 Јован постојано му велеше на Ирод: „Ти немаш право да ја присвојуваш жената на брат ти!“
5 Ирод сакаше да го убие, но се плашеше од народот, зашто сите го сметаа Јован Крстител за пророк.
6 Но, на роденденот на Ирод, ќерката на Иродијада танцуваше пред сите и толку му угоди на Ирод,
7 што тој со заклетва ђ вети дека ќе ђ даде си што ќе побара.