16 А Исус им рече:„Нема потреба да одат; дајте им вие нешто да јадат.“
17 Тие Му одговорија: „Ние имаме овде само пет леба и две риби!“
18 „Донесете ми ги!“ им рече Исус.
19 Тогаш им рече на луѓето да поседнат по тревата, а Тој ги зеде петте леба и двете риби, и со поглед кон небото ги благослови и ги раскрши. Потоа им ги даде на учениците, а тие им ги разделија на луѓето.
20 Сите јадеа и се наситија, а собраа и дванаесет кошници полни со парчиња што преостанаа.
21 Тие што јадеа беа на број околу пет илјади мажи, а имаше и жени и деца.
22 Веднаш потоа Исус ги натера Своите ученици да се качат на бротче и да испловат пред Него кон спротивната страна на езерото, додека Тој не го отпушти народот.