26 Кога Го забележаа како чекори по водата, учениците се исплашија и извикаа: „Ова е дух!“ И почнаа да пискаат.
27 Но Исус веднаш им проговори и им рече: „Не плашете се, тоа сум Јас; смирете се!“
28 Во одговор, Петар Му рече: „Господе, ако си навистина Ти, направи да дојдам до Тебе газејќи врз водата!“
29 „Дојди!“ му рече Исус. Тогаш Петар се спушти од бродот и се упати кон Исус одејќи по водата.
30 Но кога ги виде високите бранови, се исплаши и почна да пропаѓа во водата и да вика: „Господе, спасувај!“
31 Исус веднаш му подаде рака, го прифати и му рече: „ Колку малку вера имаш! Зошто се посомнева?“
32 Штом влегоа во бротчето, ветрот престана.