31 Исус веднаш му подаде рака, го прифати и му рече: „ Колку малку вера имаш! Зошто се посомнева?“
32 Штом влегоа во бротчето, ветрот престана.
33 Учениците кои беа во бродот паднаа ничкум пред Него и Му рекоа: „Ти Си навистина Божјиот Син!“
34 Кога допловија на другата страна дојдоа на Генисаретска земја.
35 Таму луѓето ги препознаа и разгласија по целата околина, па Му ги доведуваа сите болни,
36 кои Го молеа да им дозволи да се допрат барем до работ на Неговата облека; и секој што ќе се допреше, оздравуваше.