7 што тој со заклетва ђ вети дека ќе ђ даде си што ќе побара.
8 По совет на мајка си, таа му рече: „Донеси ми ја овде, на послужавник, главата на Јован Крстител!“
9 Царот зажали за своето ветување, но поради својата заклетва и поради гостите, тој заповеда желбата да ђ биде исполнета.
10 Испрати луѓе кои во затворот му ја отсекоа главата на Јован,
11 и ја донесоа на послужавник кај девојката, а таа ја однесе кај мајка си.
12 Потоа дојдоа Јовановите ученици, го зедоа неговото тело и го погребаа, а потоа Му јавија и на Исус.
13 Кога Исус слушна за погубувањето на Јован Крстител, си замина оттаму со бротче и дојде насамо на едно пусто место. Но народот од градовите дозна за тоа и се упати пеш дотаму.