Maтеј 16:14-20 MNT

14 А тие одговорија: „Едни велат дека Си Јован Крстител, други дека си пророкот Илија, а трети дека Си пророкот Еремија или еден од пророците.“

15 „А за кого Ме сметате вие?“ ги праша Исус.

16 Симон Петар прв се произнесе: „Ти Си Месијата Синот на живиот Бог!“

17 Тогаш Исус му рече: „Ти си благословен, Симоне, сине Јованов! Зашто ова сознание не ти е објавено од човек, туку од Мојот небесен Татко!

18 Затоа Јас ти велам: ,Ти си Петар‘ (што значи ,карпа‘), и врз оваа карпа Јас ќе ја изградам Мојата Црква, така што ни адските порти не ќе можат да го запрат нејзиниот пробив!

19 И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство: тоа што ќе го затвориш на Земјата ќе биде затворено и на небесата; а тоа што ќе го отвориш на Земјата, ќе биде отворено и на небесата.“

20 Потоа им заповеда на Своите ученици никому да не кажуваат дека Тој е Месијата.