11 „Секако“ им одговори Исус. „Најпрво треба да дојде Илија и да подготви си.
12 Но Јас ви кажувам дека Илија веќе дојде, а тие не го познаа и му го направија тоа што го сакаа. Така ќе мора да настрада од нив и Синот Човечки.“
13 Тогаш им стана јасно дека Исус им говореше за Јован Крстител.
14 Кога се вратија меѓу народот, на Исус Му пријде еден човек, клекна на колена,
15 и Му рече: „Господе, имај милост за син ми, зашто добива епилептични напади и многу се мачи; честопати паѓа де во оган де во вода.
16 Го носев кај Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“
17 А Исус, во одговор рече: „О, тврдоглав и неверен народе! До кога ќе морам да останам со вас и да ве поднесувам? Донесете Ми го момчето!“