13 Тогаш им стана јасно дека Исус им говореше за Јован Крстител.
14 Кога се вратија меѓу народот, на Исус Му пријде еден човек, клекна на колена,
15 и Му рече: „Господе, имај милост за син ми, зашто добива епилептични напади и многу се мачи; честопати паѓа де во оган де во вода.
16 Го носев кај Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“
17 А Исус, во одговор рече: „О, тврдоглав и неверен народе! До кога ќе морам да останам со вас и да ве поднесувам? Донесете Ми го момчето!“
18 Потоа со заповед го избрка демонскиот дух од него и во истиот миг момчето оздраве.
19 Подоцна Му пријдоа насамо Неговите ученици и Го прашаа: „Зошто не можевме ние да го избркаме демонскиот дух?“