Maтеј 17:21-27 MNT

21 („Овој вид демон може да се изгони само ако претходно сте биле на молитва и пост.“)

22 Еден ден, кога учениците се беа вратиле во Галилеја, Исус им рече: „Наскоро Јас, Синот Човечки, ќе бидам предаден во рацете на луѓето.

23 Тие ќе Ме убијат, но на третиот ден ќе воскреснам.“ Ова многу ги ожалости учениците.

24 Кога дојдоа во градот Кафарнаум, на Петар му пријдоа наплатувачите на данок за храмот и му рекоа: „Ќе плати ли вашиот Учител данок за храмот?“

25 „Секако!“ им одговори Петар. А кога Петар се врати дома, Исус го пресретна и го праша: „Што мислиш, Симоне, од кого наплатуваат данок земните цареви: од сопствените синови или од туѓите?“

26 „Од туѓите!“ одговори Петар. Тогаш Исус му рече: „Значи, синовите се ослободени од плаќање.

27 Но, за да не ги соблазниме, појди до морето, фрли јадица и отвори ђ ја устата на првата риба што ќе ја фатиш; во неа ќе најдеш една пара што ќе биде доволна да платиш данок и за Мене и за себе.“