27 На царот му падна жал и го пушти, отпишувајќи му го долгот.
28 Но кога овој слуга излезе, сретна еден од своите другари кој му должеше сто денарии, па го фати за гуша и почна да го дави, викајќи му: „Врати ми го долгот!“
29 Тогаш неговиот другар клекна и почна да го моли: „Стрпи се со мене и ќе ти го исплатам целиот долг!“
30 Но овој не сакаше, туку го фрли в затвор додека не му го врати долгот.
31 Кога другите слуги видоа што се случи, многу се огорчија, па отидоа кај царот и му го кажаа сето ова.
32 Тогаш царот го повика оној слуга и му рече: „Колку си лош! Кога ти ме молеше, јас ти го простив целиот долг.
33 Не требаше ли да му се смилуваш на твојот другар како што јас ти се смилував!?“