28 Но кога овој слуга излезе, сретна еден од своите другари кој му должеше сто денарии, па го фати за гуша и почна да го дави, викајќи му: „Врати ми го долгот!“
29 Тогаш неговиот другар клекна и почна да го моли: „Стрпи се со мене и ќе ти го исплатам целиот долг!“
30 Но овој не сакаше, туку го фрли в затвор додека не му го врати долгот.
31 Кога другите слуги видоа што се случи, многу се огорчија, па отидоа кај царот и му го кажаа сето ова.
32 Тогаш царот го повика оној слуга и му рече: „Колку си лош! Кога ти ме молеше, јас ти го простив целиот долг.
33 Не требаше ли да му се смилуваш на твојот другар како што јас ти се смилував!?“
34 Царот беше толку лут, што го фрли овој слуга в затвор, додека не му го врати целиот долг.