32 Тогаш царот го повика оној слуга и му рече: „Колку си лош! Кога ти ме молеше, јас ти го простив целиот долг.
33 Не требаше ли да му се смилуваш на твојот другар како што јас ти се смилував!?“
34 Царот беше толку лут, што го фрли овој слуга в затвор, додека не му го врати целиот долг.
35 Така ќе постапи со вас и Мојот небесен Татко, доколку од срце не си простувате едни на други.“