2 Голема толпа народ одеше по Него и Тој ги исцелуваше болните.
3 Некои од фарисеите Му пријдоа на Исус и, сакајќи да Му постават замка, го прашаа: „Дали е во согласност со верскиот Закон мажот да има право да се разведе од својата жена за каква и да е причина?“
4 Исус им одговори: „Зар не сте читале во Светото Писмо дека на почетокот Творецот создаде маж и жена,
5 и дека тогаш Тој рече: ,При стапување во брак, човекот ќе се одвои од својот татко и од својата мајка и ќе се присоедини кон својата жена и двајцата ќе станат едно тело?‘
6 Според тоа, тие не се повеќе двајца, туку еден. Никој не смее да ги раздружува оние што Бог ги здружил во брак!“
7 На ова, тие Го прашаа: „Тогаш, зошто Мојсеј издаде уредба според која мажот може да ја отпушти својата жена ако ђ даде потврда за развод?“
8 А Исус им одговори: „Мојсеј ви дозволи да се разведувате од вашите жени бидејќи вие сте луѓе со закоравени срца. Но, на почетокот не беше така.