Maтеј 2:14-20 MNT

14 Тогаш Јосиф стана, ги зеде Детето и мајка Му Марија и ноќта заминаа за Египет.

15 И останаа таму си до смртта на Ирод. Со ова се исполнуваше претскажаното од Бог преку пророкот Осија: „Од Египет го повикав Мојот Син.“

16 Ирод збесна кога сфати дека мудреците го надитрија и нареди во Витлеем и во неговата околина да бидат убиени сите машки деца до двегодишна возраст согласно со времето што го беше дознал од мудреците.

17 Со ова се исполнуваше претскажаното од пророкот Еремија:

18 „Пискотници се слушаат во Рама, плач и тажни лелеци; Рахела плаче по своите деца и не сака да се утеши, зашто нив повеќе ги нема.“

19 По смртта на Ирод, на Јосиф, кој беше во Египет, му се јави насон ангел Господов

20 и му рече: „Стани, земи ги Детето и мајка Му и врати се во израелската земја, зашто изумреа тие што сакаа да Му го одземат животот на Детето.“