Maтеј 2:16-22 MNT

16 Ирод збесна кога сфати дека мудреците го надитрија и нареди во Витлеем и во неговата околина да бидат убиени сите машки деца до двегодишна возраст согласно со времето што го беше дознал од мудреците.

17 Со ова се исполнуваше претскажаното од пророкот Еремија:

18 „Пискотници се слушаат во Рама, плач и тажни лелеци; Рахела плаче по своите деца и не сака да се утеши, зашто нив повеќе ги нема.“

19 По смртта на Ирод, на Јосиф, кој беше во Египет, му се јави насон ангел Господов

20 и му рече: „Стани, земи ги Детето и мајка Му и врати се во израелската земја, зашто изумреа тие што сакаа да Му го одземат животот на Детето.“

21 Тогаш Јосиф стана, ги зеде Детето и мајка Му и сите се вратија во израелската земја.

22 Меѓутоа, кога Јосиф дозна дека во Јудеја, на местото на Ирод дошол на власт неговиот син Архелај, се исплаши да појде таму. Па откако насон прими упатства, замина во покраината Галилеја.