23 „Добро, и вие ќе пиете од Мојата чаша им одоговори Исус но Јас не можам да одредам кој ќе седи од Мојата десна страна, а кој од левата. Тие места им припаѓаат на оние за кои ги определил Мојот небесен Татко.“
24 Кога преостанатите десет ученици разбраа за ова, им се налутија на двајцата браќа.
25 Тогаш Исус ги повика кај Себе сите заедно и им рече: „Знаете дека владетелите на овој свет владеат сурово над луѓето.
26 Но, меѓу вас не треба да биде така. Напротив, ако некој сака да биде водач меѓу вас нека им служи на сите.
27 Тој што сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга
28 како што Јас, Синот Човечки, не дојдов за да Ми служат, туку Јас да им служам на луѓето и да го дадам Својот живот како откупнина за мнозина.“
29 На излегување од градот Јерихо, голема толпа народ врвеше по Исус и Неговите ученици.